ФАИ Светското првенство во параглајдерство оваа година ќе се одржи во Крушево и во Пелагонискиот регион, потврдија денеска организаторите на пресконференцијата во Агенцијата за млади и спорт.

„Агенцијата за млади и спорт во соработка со Воздухопловна федерација и Општина Крушево во изминатиов период беа организатори на повеќе меѓународни натпревари во параглајдерство, што условија и добивање на организација на натпревар во параглајдерство од светски размери“ – изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

На планетарниот собир во Крушево ќе учествуваат 150 пилоти од 49 земји а ќе се одржи од 5 до 18 август. Нашата земја ќе ја преставуваат тројда параглајдеристи.