Абдулманап Нурмагомедов, таткото на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, смета дека неговиот син треба да почне да размислува за крајот на кариерата.

„Сметам дека Хабиб треба да ја заврши кариерата за 1,5 до 2 години. Тоа се максимум три борби, иако и две би биле доволни“. – изјави Абдулманап Нурмагомедов.

Ова сигурно ќе ги разочара бројните фанови на дагестанскиот борец, кој својата следна борба ќе ја има на 18 април во Њу Јорк, кога ќе се бори со Тони Фергусон во рамките на УФЦ 249.