Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Претседателот на комисијата за доделување на наградата „Осми Септември“ во областа на спортот, Ленче Алексовска-Величковска, денес на средба со новинарите ги објавија добитниците на оваа престижна награда.

Годинешни добитници на наградата се Томе Коцев (борење), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал) како и д-р Слободан Николиќ. Посебна награда за животно дело ќе му биде доделена на Драган Стојановски, првиот човек на Карате федерацијата на Македонија.

Доделувањето на наградите „Осми Септември“ ќе се одржи во републичкото собрание в недела од 11:00 часот.