Непоразениот шампион во лесна категорија, во УФЦ Хабиб Нурмагомедов сосема неочекувано изјави дека во следните неколку години ќе стави крај на професионалната кариера.

„Немам намера да се борам до мојата четириеста година. Едноставно во тие години не се гледам во октагонот. Планирам да одработам уште неколку мечеви и да одам во пензија. Сепак за оваа одлука ќе морам да зборувам и со моето семејство“. – изјави Хабиб Нурмагомедов

Дагестанецот во моментот има скор од 27 победи и 0 порази, а следен негов противник е Дастин Пориер, меч кој ќе се одржи оваа сабота.