Македонскиот Олимписки Комитет потврди дека има два кандидати за наскедник на Васил Тупурковски на претседателското столче во МОК, изборно собрание ќе се одржи на 28 октомври.

Според доставените кандидатури, Даниел Димевски и Александра Војнеска Зикова влегуваат на трка престижната функција во МОК.

 

Александра Војнеска Зикова (со доставена кандидатура, поддржана од 13 членови на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, со право на глас)

Даниел Димевски (со доставена кандидатура, поддржана од 34 членови на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, со право на глас).