Бесир Алили стана  европски првак во борење во дисциплината слободен стил, категоријаа 48 килограми.

Тој во финалето го победи Ховханисјан од Ерменија со резултат 7:6 и го освои златниот медал на оваа Европско првенство за борачи до 17 години кое се одржува во Италија.

На патот до финалето Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

” Со сигурност тврдиме дека ако продолжи со ваква квалитетна работа, во Бесар Алили ќе го имаме идниот сениорски Европски и Светски првак. Олимписки шампион …  Многу реална желба” гласеше пораката од стручниот штаб на Бесар Алили по завршување на мечот.