Изборното собрание на МОК вечерва треба да одоговори на прашањето кој ќе го наследи Васил Тупурковски на претседателоското столче.

Во игра се Даниел Димовски и Александра Војнеска – Зикова но според Борко Ристовски овие двајца не се вистинскиот избор.

„Не е точно дека сите во клубот треба да бидеме во самоизолација. За ова да се случи треба да ни се јават од Центарот за јавно здравје. Се додека не ми се јават, јас нема да бидам во самоизлолација, немам симтоми и ќе се движам слободно.“ – вели Ристовски.

Голманот на Вардар тврди дека врз него бил вршен партински притисок, но тој нема намера да се откаже од личните цели.

„Тука треба да сме сите заедно, без разлика на политичките партии. Јас сум тука за да упатам апел до сите федерации да обрнат внимание. Имаме докази дека и двајцата кандидати ќе бидат кривично гонети. За едниот има овбинение, за другиот поседуваме докази за незаконско делување.“ – објасни Ристовски.

Засега нема докази достапни за јавноста а објавени од Ристовски пред медиумите кои укажуваат на криминал…

„Македонија мора да најде подобро решение од овие двајца кандидати. МОК е непратиска организација. Имав непристојни понуди за идниот МОК, закани, но ја утнале адреата, ништо не ме плачи. Јас сум тука за македонскиот спорт и ништо друго не ме интересира, заработив доволно играјќи во странство.“ – додава Ристовски.