Откако навивачите добија забрана за присуство на трибините на спортските натпревари во Англија, очекуван беше а сега веќе и докажан проблемот со финансирање на пред се помалките спортови и клубови.

Поради ова, Британската влада донесе одлука со која ќе му помага на спортот со 300 милиони фунти а најмногу бенефит ќе добијат крикетот, тенисот, кошаркара, хокејот и рагбито, како и помалите спортови.

Оваа мерка не ја ја опфаќа Премиер лигата и Чемпионшип дивизијата во фудбал. За овој спорт наменети се 28 милиони фунти кои ќе бидат распределени во националните лиги од прва до шеста лига како и во женскиот фудбал.