Петмина ММА борци од клубот Eagles Moscow, кој е во сопственост на Хабиб Нурмагомедов во Москва се осудени на затвор од по 20 месеци, пишува телеграм каналот Mash.

Овие петмина го нападнаа шампионот на Русија во самбо, Шамил Курамагомедов, со цел да го убијат по налог на криминалниот олигарх Магомедов. Тие не успеаа во својата намера само затоа што се исплашија од случајните минувачи, кои можеа да станат сведоци на убијството.

Магомедов имаше намера да го заземе трговското пристаниште на Махачкала и за таа намера сакал да го ангажира Курамагомедов, но кога тој одби, олигархот реши да се ослободи од непотребниот сведок.

Сепак, судот во Москва не успеа да ја докаже намерата за убиство и петмината ги осуди само за нанесување на телесни повреди.