Магазинот „Форбс“ ја објави листата на највредни спортски екипи за 2019 година каде доминираат екипи од американскиот континент.

Четврта година по ред  на врвот се наоѓа НФЛ тимот на Далас Каубојс. Веднаш зад него е бејзбол тимот на Њујорк јенкис, а на третото место се поѕиционира  Реал Мадрид кој вреди 200 милиони повеќе од најголемиот конкурент, Барселона која е на четвртото место.

Најголем пат, од четири места, на листата забележа англискиот гигант Манчестер Јунајтед, кој по долги години испадна од Топ 5 листата.

10-те највредни спортски клубови во светот:

Далас Каубојс 5 милијарди долари
Њујорк Јенкис 4,6 милијарди долари
Реал Марид 4,24 милијарди долари
Барселона 4,02 милијарди долари
Њујорк Никс 4 милијарди долари
Манчестер Јунајтед 3,81 милијарди долари
Њу Ингланд Пејтриотс 3,8 милијарди долари
Лос Анџелес Лејкерс 3,7 милијарди долари
Голден Стејт Вориорс 3,5 милијарди долари
Њујорк Џајнтс/Лос Анџелес Доџерс 3,3 милијарди долари