Познатиот ММА коментатор, Џо Роган, го коментираше претстојниот меч меѓу шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и предизвикувачот Тони Фергусон.

Тони е вистински борец. Тој никогаш не се замара и после секоја борба изгледа свеж. Тој ќе биде најтешкиот противник во досегашната кариера на Хабиб и, според моето мислење, Тони во моментов е вистински кошмар за секој борец. Во лесна категорија нема пострашен борец од него, тој има цигли место тупаници, а ако те фати со своите долги раце, скоро е невозможно да излезеш од неговата прегратка. Тој е ненормален, ама во позитивна смисла. Претстојниот меч ќе биде епски и нема никаква гаранција за Хабиб, може да победи секој“.

Мечот ќе се одржи во Њу Јорк на 18 април.