УФЦ е најголемата и најсилна ММА лига и е повеќе од 8 години лидер во светот на мешаните борби.

Илјадници борци од целата планета се борат во оваа лига, а нивните борби се пренесуваат во 130 земји на 20 различни јазици.

Добриот договор ги носи борците во елитата, а шампионскиот прстен гарантира статус на најдобар борец на светот.

Но, вечна тема се ниските хонорари на повеќето од борците, поради што владее големо незадоволство меѓу овие модерни гладијатори.

Според материјалот на The New York Post, УФЦ во 2019 година заработи дури 900 милиони долари, а од нив на реклама на мечевите и на хонорарите на борците се дадени само 150 милиони долари, или само 16 %.

Затоа, пак, инвеститорите поделија дури 300 милиони долари.

Меѓу инвеститорите на УФЦ се и Марк Волберг, Бен Афлек, Шерлиз Терон и Серена Вилијамс.