Легендарниот руски борец и повеќе кратен шампион во тешка категорија, Федор Емелијаненко, во интервју за руските медиуми даде свое мислење за Хабиб Нурмагомедов, кој сеуште е непоразен во УФЦ мечевите.

„Не ги гледав неговите последни борби. Тој се бори на негов начин. Доминира над противниците, користејќи ги своите предности. Тој е шампион без сомнение, мислам дека треба да работи на неговиот стој. Може да ја подобри боксерската техника, како и ударите со рака. Инаку, сè друго е прави како што треба. Тој е сè уште млад и има многу потенцијал за развој, за да достигне уште повисоки врвови “-изјави Федор.

Нурмагомедов на 18 април во Њујорк ќе ја брани титулата против Тони Фергусон, кој според многу стручњаци е единствениот во оваа категорија кој има какви такви шанси против Дагестанецот.