Поради состојбата со Коронавирусот во Македнија до 13 март нема да има публика на спортските борилишта, ова ќе биде препораката од Владата на Македонија, соопшти министер от за здраство, Венко Филипче.

Овој предлог Владата на Македонија го добила од епидемиолозите а го соопшти министерот за здрасво на прес-конференција.

На предлог на епидемиолозите ќе и биде предложено на Владата да ја продолжи препораката за неодржување масовни јавни собири, а спортските натпревари да се играат без публика за уште една недела, до 13 март, поради коронавирусот“ –  соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Ова значи дека на сите спортски борилишта во Македонија ќе се игра без публика, главно федерациите ја прифатија препораката на Владата кога минатата недела беше побарано да се применат мерките.