Тајсон Фјури  го победи Германецот Том Шварц (24-1-0, 16 KO) во неговото деби Лас Вегас со технички нокаут уште во втората рунда.

Германецот не беше достоен противник за Фјури кој за  неполни две минути го нокаутира противникот, па судијата по вториот нокдаун мораше да го прекине мечот.

„Доаѓам по тој зелен појас“, кратко изјави Фјури, кој стигна до 28-та победа во кариерата во која има само едно реми. Додека на Шварц ова му беше прв пораз во 25-тата борба.