Угледниот магазин „Форбс“ ја објави најновата листа на највредни спортски клубови во светот. На врвот е НФЛ клубот, Далас Каубојс проценет на 5 милијарди долари.

Втор е безбол клубот Њујорк Јенкис а во топ три е уште и најтрофејниот клуб од Лигата на шампионите на УЕФА, Реал Мадрид. Конкурентот на „кралевите“, Барселона е четврта по вредност пред НБА екипата на Њујорк Никс.

По подолго време во водечката тројка не е Манчестер Јунајтед кој сега е на шестото место со намалена вредност од осум отсто.