Ардијан Аземи загуби во второто коло на светското првенство во Киелце, нашиот боксер беше поразен од Хорхе Фелимон Лобиана од Куба.

Аземи ги загуби првата и втората рунда со одлука на судиите, беше подобар во третата од Кубанецот, но на крајот нашиот медалист од Европското првенство беше поразен.

Со ова, заврши настапот на Ардијан Аземи на светското младинско првенство во Полска.