Без поголем успех заврши настапот на македонските боксери на Европските Игри во Минск. Последен во денешната програма настапи знаменосецот, Гоце Јанески.

Тој денеска беше поразен во првата борба од Киран Малој од Ирска. Со настапот на Јанески заврши учеството на нашата бокс репрезентација на Европските игри кои воедно преставуваат и Европско првенство. Предходно денот не беше наклонет на уште неколкумина наши репрезентативци. 

Утре на Европските игри ќе настапат Борјан Бранковски во спортско стрелаштво и Андреј Петровски во велосипедизам.