Не беа сите воодушевени од настапот на Шакира и Џенифер Лопез на полувремето од Супер Боул. Падна дури и тужба со огромна сума.

Дејв Доберман тренер на повеќе средношколски тимови, поднесе тужба против НФЛ и нивните партнери, поради непристојната содржина на полувремето меѓу тимовите на Канзас Сити и на Филаделфија Фортинајнерс кои се бореа за шампионскиот наслов. Тој бара оштета од огромни 867 милијадри долари.

„Јас сакав да гледам фудбал, а не невкусен танц. Тие донесоа грев во мојот дом. Супербоул е манифестација која ја гледа и младата популација“ – порача Доберман за медиумите.

Инаку Дејв е познат по тоа што е христијански активист во Охајо, каде живее и каде што ја поднесе тужбата и смета дека настапот на двете пеачки ја доведе во опасност младината во САД и ширум светот.