Џон Џонс рано утринава во Хјустон успеа да ја одбрани титулата во полутешка категорија, откако го совлада Доминик Рејес со едногласна одлука на судиите.

Ова 11-ти пат во кој Американецот го одбрани појасот и стигна до рекордната 14.победа во борбите за наслов во сите категории.

Еден од најдобрите борци во историјата на ММА имаше голем предизвик во името на Рејес, кој подобро го започна мечот, но во последните две рунди Џонс ја покажа по којзнае кој пат својата величина и стигна до нова победа.