Најдобриот македонски велосипедист, Андреј Петровски, во рамки на вторите Европски игри кои годинава се одржуваат во Белорусија, на денешната улична трка во должина од 180 километри низ белоруската престолнина Минск, го освои 106-тото место, во конкуренција на 116 велосипедисти, додека 18 велосипедисти не ја завршија трката.

Веќе на 25-ти јуни, Петровски ќе има прилика да го поправи својот настап на овогодинешните Европски игри, кога во уште една улична трка (хронометар), ќе има можност да ги покаже своите квалитети и да постигне подобар резултат.