ММА ѕвездата, Конор Мекрегор смета дека во историјата на УФЦ има само еден борец подобар од него, а тоа е Андерсон Силва. Тој, додаде исто така дека тоа во иднина ќе се промени и дека тој ќе остане запаметен како најдобриот во овој спорт.

„По се она што досега е видено, Андерсон Силва е број еден. Јас се натпреварував во повеќе категории во кои имав статус на шампион. Мислам дека сум малку позади него, ако не сме и изедначени. Сепак, јас уште сум активен, а бројот еден ми е гарантиран до крајот на кариерата. Тоа ќе биде многу лесно“- истакна Ирецот.