Македонија ќе има вкупно 12 спортисти од 8 спортови на Европските игри во Минск 2019. Најбројни се од боксерската и боречката  репрезентација  кои ги има  по тројца на листата.

Емил Павлов има најголеми шанси за медал на ЕИ Минск 2019, нашиот каратист е најголемата надеж на овој континетален собир.

Борачите, Владимир Егоров, Магомедгаџи Нуров и Фати Весели се тројцата од кои очекуваме висок пласман во Минск каде конкуренцијата ќе биде извонредно силна.

Гоце Јанески, Јасин Лама и Арсим Етеми се наши претставници од боксерската репрезентација, Јанески ќе биде наш знаменосец на отварањето на 21 јуни.

Андреј Петровски од велосипедизам, Борјан Бранковски од стрелаштво, Арбреша Реџепи од џудо, Владимир Малевски од кајак и Далибор Богданов од Самбо се останатите наши претставници во Минск.

Директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на МОК, Васил Турпурковски и Даниел Димевски, советникотза спорт на премиерот Зоран Заев,  им посакаа успешен настап на нашите спортисти.