Македонската боскерска репрезентација успешно ги заврши подготвките во Скадар пред настапот на Европските игри во Минск 2019, на овие игри ќе се одржи и Европското првенсво во бокс, Македонија ќе има тројца претставници .

Гоце Јанески , Арсим Етеми и Јасин Лама  ќе ја претставуваат Македонија на ЕП во бокс, воедно, Јанески ќе биде знменосец на отварањето на игрите  во МИНСК 2019.

Македонската репрезентација изминативе денови заедно со репрезентациите на Косово и Албанија ги одржа подготoвките , в среда патуваме на ЕП во Минск каде очекуваме добро да се претставиме.