Владимир Малески го освои 9 место на полуфиналната трка на 200 метри во дисциплината кајак на мирни води на Европските игри во Минск.

Со резултат од 40.101 Малески имаше заостанување од 5,798 секунди во однос на победникот на трката, литванецот Сеја Артурас.

17 годишниот Владимир Малески беше најмладиот кајакар на Европските игри кој успеа да се пласира во полуфиналето на трката на 200 метри.