Најголемата УФЦ ѕвезда.  Конор Мекгрегор го прифати предизвикот на Андерсон Силва и договори меч , кој треба да биде своевиден историски спектакл. Сепак, оваа борба уште не е официјално закажана од страна на УФЦ.

Силва веќе неколку години е во пензија и важи за еден од најдобрите борци на сите времиња. Ирецот неодамна изјави дека Бразилецот за него, всушност е број 1 во овој спорт.

„Воодушевен сум од тоа каков е Мекрегор и верувам дека нашата борба би била историска за овој спорт, зашто никој од нас нема што повеќе да докажува. Верувам дека УФЦ и ММА фановите ќе сакаат ваков спектакл“, истакна Силва претходно.