Одбојкарската репрезентација денес ги завршува подготовките кои ги одржуваше еден месец во Маврово, пред историскиот настап на Европското првенство.

За црвено-жолтите претстојниот викенд е резервиран за пријателски натпревари со Романија во Крајова.

Од одбојкарката федерација информираат дека Александар Милков сепак ќе патува со националниот состав.

-Одбојкарот којшто игра на позиција примач, долго ја санираше повредата на коленото, подоцна се приклучи и се уште физички не е на потребното ниво, па многу веројатно е дека нема да ризикува и да игра против Романците. Поради повреда на стомачните мускули, во Крајова воопшто нема да патува техничарот Марко Јуниор Стошиќ, соопштуваат од федерацијата.