НФЛ звездата, Мич Петрус (32) , освојувач на Супербол, почина од топлотен удар пред семејната продавница во Литл Рок, САД.

На Петрус одеднаш му се слошило, итно бил пренесен во локалната болница каде подоцна починал. Медиумите во САД пишуваат дека неговото срце престанало да чука поради високата  температура од 33 степени, тој во организмот немал доволно електролити.

Петрус  во текот на својата кариера играше за Њујорк Џајантс и Њу Ингланд Патриотс, во 2012 година  со Њујорк победи на Супербол откако славеа над Патриотс  со 21-17.