Тајгер Вудс, еден од најдобрите голфери на сите времиња, ја напушти болницата по два месеци од сообраќајната несреќа во Калифорнија.

Тој излета од патот на 23 февруари и  се здоби со повеќе скршеници на десната нога (фибула и тибија), па мораше да му се постави метална шипка за да може повторно да се потпре на ногата.

Ова е прва фотографија на славниот Американец по сообраќајната несреќа, а неговата десна нога е во медицинска чизма по серијата фрактури.

Очекувано, Вудс реши да се фотографира на теренот за голф со огромна насмевка, а многумина овој потег го проценија дека токму вака Вудс игра на емоции и дека сака да влезе под кожа на многумина кои го осудија по последниот во низата скандали.

„Моето поле се опоравува побрзо од мене. Но, убаво е да се има одличен партнер за рехабилитација, најдобриот  пријател на човекот “, изјави славниот голфер.

Вудс зборуваше само еднаш по несреќата кога објасни дека тој навистина не памети ништо.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiger Woods (@tigerwoods)