Краткиот временски период за одмор помеѓу двете фудбалски сезони фудбалерите го користат за максимален одмор. Па така, македонскиот чувар на мрежата кој е член на лондонски Арсенал, Дејан Илиев го користи слободното време за малку авантура и уживање со возење на глисер.

Исто така и членот на Палермо, Александар Трајковски, пред напорната сезона која го очекува во обид за влез во Серија А, батериите ги „полни“ на Кипар.