Еден од најдобрите играчи во историјата на македонскот футсал, Зоран Левески кариерата одлучи да ја продолжи во Шкупи.

Левески преставува големо засилување за тимот од Чаир кој имаше успешен настап во претквалификациите за пласман во Лигата на шампионите на УЕФА.

„Зоран Левески официјално е дел од тимот на Шкупи. Капитенот на Македонија доаѓа од футсал тимот Велес а за нас е големо засилување за новата сезона во домашното првеноство но и за натпреварите во главната рунда квалификациите од Лигата на шампиони на УЕФА.“ – стои во соопштението на Шкупи.