Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска приреди прием за Европскиот првак во борење, Бесир Алили кој освои злато на континеталниот собир.

Шилегов најави награда за Алили, на следната седница на сибранието на градот Скопје,на 5 јули  ќе биде одредена наградата за златното момче  но и за клубот на првакот.

Градоначлникот на Скопје му порача на младиот борач да продолжи напорно да тренира зашто има и талент и голема поддршка.

„Животот на врвните спортисти е тежок, но знам дека ако си упорен навистина ќе ни донесеш олимписко злато “ нагласи Шилегов.

Кон честитките за неверојатниот успех на младиот Алили се придружи и заменик-градоначалникот на Скопје, Малиќи, кој рече дека му претставува големо задоволство што граѓаните на Скопје му приредија убав пречек на шампионот на плоштадот „Скендербег“.