Страшни слики и изјави сведочат за несреќата која се случила рано утринава во Гванжу, градот домаќин на Светското првенство во пливање. Двајца починале е повеќемина се повредени во ноќниот клуб кој бил полн со спортисти откако дел од балконот паднал.

„Се беше вообичаено и тогаш како се буквално да падна врз нас. Никој од нашите репрезентативци не е повреден, имавме среќа но сме вознемирени. Направиме се што можеме но жртвите беа во безизлезна ситуација. “ – изјави капитенот на репрезентацијата на Нов Зеланд во ватерполо, Мет Смол.

Полицијата го уапсила еден од сопствениците на клубот откако било утврдено дека балконот бил незаконски изграден. Уште тројца биле викнати на информативен разговор.

Според информациите од медиумите од Јужна Кореја, најопасно било за спортистите од САД од кои четворица биле полесно повредени.