Меѓународната шаховска федерација, ФИДЕ, соопшти дека исклучила еден играч од турнирот во Франција, бидејќи за време на натпреварот бил фатен на дело како користи телефон.

ФИДЕ соопшти дека сите докази во случајот Игорс Раусис ќе ги испрати до Етичкиот одбор и дека светската организација е одлучна во борбата против мамењето во шахот.

Раусис е 58 годишен летонско-чешки играч кој титулата велемајстор ја освоил во 1992 година и ја претставувал Летонија, Бангладеш и Чешка.

Генералниот директор на ФИДЕ, Емил Шутовски напишал дека Раусис веќе подолго време бил под истрага и дека неговата фаќање на дело е само првиот чекор во долгогодишната борба против измамата.

Случајот е пријавен и во француската полиција.