Ватерполистите на Србија и Хрватска одиграа неверојатен меч во финалето на Светската лига во Белград, кое на крајот им припадна на домаќините, кои славеа со 12-11 по четвртини со (1:3, 5:2, 1:3, 5:3) и се пласираа на Олимписките игри 2020 година во Токио.

Хрватска е актуелен светски првак, додека Србија европски и олимписки шампион воедно и рекордер во Светската лига каде има девет титули.

Во големата драма, Бајиќ тргна кон голот на противникот да израмни, но неговиот удар заврши надвор за големо славје и конечни 12-11. Претходно Филип Филиповиќ од пенал и донесе водство на Србија.

Во малото финале и натпреварот за третото место Австралија која беше подобра од Шпанија со 11-10.