Велосипедистот Јан Ридман (17год), го загуби животот во сообраќајна несреќа, тој беше удрен од автомобил за време на  утринскиот тренинг.

Несреќата се случила пред два дена во Сугенхајм, а тажната вест ја потврди и неговиот матичен клуб Бора-Хансгорх. Ридман бил пренесен со хеликоптер во локалната болница, повредите на главата биле кобни…

Ридман важеше за еден од најталентираните спортисти во Германија во велосипедизам, од него се збогуваа и од Меѓународната велосипедска федерација.