Дејан Горгиевски денеска беше на прием во Агенцијата за млади и спорт, каде го дочека директорот на АМС, Наумче Мојсоски.

Ова доаѓа по потврдата за настан на ОИ во Токио и желбата на Георгиевски за нови успеси.

„Со помош на моите тренери дојдов до норма за настап на Ослимпијадата. Ми се оствари сонот. Во квалификациите бев сигурен дека ќе успеам. Следната цел ми е медал во Токио, и тоа златен. Одам на Олимписките игри со паролата, Македонија има олимписки златен медал.“ – изјави Дејан Георгиевски.

ОИ ќе се одрќат во Токио од 23 јули до 8 август а Георгиевски ќе настапи на 27 јули.