Сите лица кои си купиле нов велосипед или електричен тротинет во 2020 година ќе може да аплицираат за субвенции од Градот Скопје.

Ова го потврдија денеска од главниот град на Македонија и потврдија дека јавниот повик ќе биде отворен до 30 ноевмри оваа година.

„Градот Скопје утре (01.06) ќе ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година. Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2020 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повиците ќе биде отворени до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет.“ – се вели во соопштението на Град Скопје.