Тренерот кој раководи со подготовките на Хабиб Нурмагомедов за мечот со Тони Фергусон, Хавијар Мендес, ги коментира шансите на двајцата борци.

Борбата меѓу Нурмагомедов и Фергусон досега била закажувана и од разни причини одложувана дури четири пати: во 2015, 2016, 2017 и во 2018 години.

Ова досега не ми се случило, четири пати да подготвувам борец за еден ист меч. Четири пати овој дуел бил одложуван поради нечија повреда и тоа вистинска повреда, бидејќи овие двајца не симулираат, тие си воини.

И двајцата имаа неверојатни серии на победи, колку што се сеќавам ова е првпат да се соочат борци кои победија на своите 12 последни меча.

Фергусон има неверојатно кардио и многу опасни лактови. Има нестандарден стил и лавовско срце. Него е невозможно да го скршиш. Но, и Хабиб е таков. Тие се воини, ќе се „млатат“ до последно и нема да потклекнат“, изјави Мендес за MMA Fighting.

Мечот е закажан на 18 април во Њу Јорк.