На состанок во Владата на Македонија, техничкиот премиер  Оливер Спасовски и претставниците на кабелските оператори се договориле да се одложи згаснувањето на програмите од понеделник

На средбата е разговарано за сите аспекти  од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, донесено е привремено решение да се одложи згаснувањето на прграмите, спорт од понеделник и натаму ќе има.

„Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време.
На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали“ – се наведува во соопштението.

Претходно операторите се заканија дека ќе ги изгасат сите програми во својата понуда незадоволни од законските решенија.