Поранешниот НФЛ играч Келен Винслоу II е осуден на 14 години поради низа силувања и други сексуални злосторства.

Тој од судот е прогласен за сексуален однос со примена на сила, силување на лице без свест, физички напад со намера за силување, покажување на половиот орган и други непримерни работи направени во јавноста.

Неговите жртви се 17 годишна ученичка која ја силувал додека била без свест, 54 годишна автостоперка и 58 годишна бездомничка. Во една прилика на улица се соблекувал пред жена која ја уредувала градината во својот двор.

Тој бил обвинет за вкупно 12 точки, а да бил прогласен за виновен по сите, би добил доживотен затвор. Вака со низа жалби и договори прво ја намали максималната казна прво на 18, па потоа и на 14, но не и на минимални 12 години.

Винслу беше избор во првата рунда на драфтот во 2004 година, а во НФЛ играше за Кливленд Броунс, Тампа Беј, Њу Инглад Патриотс и Њујорк Џетс. Во пензија замина во 2013 година, а во кариерата заработи повеќе од 43 милиони долари.