На годинешното издание на Тур Де Франс победник е Колумбиецот Еган Бернал кој направи историја по завршената 20-та етапа во Вал Торен.

Денеска се извосе последната планинска етапа пред утрешната ревијална трка до Елисејските полиња, а со оглед на тоа што Бернал ја заврши етапата како најдобар во генералниот пласман, јасно е дека тој е новиот освојувач на најважната трка во светот на велосипедизмот.

Бернал стана првиот Колумбиец кој го освојува Тур де Франс, натпреварување кое вчера и денеска беше одбележано и од лошите временски услови поради кои двете етапи беа прилично скратени.

Денешната етапа ја доби Винченцо Нибали, но Италијанецот оваа година не беше ниту блиску до најдобрите во генералниот поредок.

Втор во генералниот пласман е Џеран Томас, додека утрешниот пиедестал во Париз ќе го комплетира Холанѓанецот Стивен Крујссвијк.