Конор Мекрегор во моментот се наоѓа во Москва од каде на прес конференцијата соопшти дека дека својот кам-бек ќе го има на 18 јануари следната година.

Ирецот на последниот професионален меч доживеа тежок пораз од Хабиб, а по тој меч во еден момент најави пензија, но набрзо го смена своето мислење.

„Би сакал да соопштам дека Конор Мекрегор се враќа на 18 јанувари во „Т-Мобајл“ арената во Лас Вегас. Тоа е за 12 недели, а јас сум максимално подготвен. Противникот ќе ви го соопшти УФЦ, но јас сум подготвен за со секој борец да војувам“-изјави Ирецот“.

Официјално не се знае противникот на Мекрегор, но „ЕСПН“ претпоставува дека тоа ќе биде Доналд Сероне.