Израел Адасан со мајсторски нокаут минатиот викенд го побеи Роберт Витакер и стана нов светски првак во УФЦ во средна категорија, а веднаш по мечот најави кој го сака за негов следен противник.

Тоа е Паул Коста, кој жестоко му возврати на Адасан за прозивките.

„Мислам дека сум најопасен борец во оваа дивизија. Кога ќе ја ставам раката на неговата глава ќе знае за што точно зборувам. Спремен сум да умрам во октагонот, но сигурен сум дека нема шанси со мене. Ако сакам можам да го убијам“- изјави Коста за ЕСПН.

Ова сигурно би била најинтригантна борба во средна категорија, а досега и двата борци се непоразени. Адасан има скор од 18-0, додека Коста има 13-0.