Шестиот натпреварувачки ден во Гванжу на Светското првенство во пливање ги донесе и последните резултати на нашите натпреварувачи.

Миа Крстевска на 200 метри грбно исплива подобро од нејзиниот пријавен резултат и го освои 37 место во конкуренција на 42 натпреварувачки. Ева Петровска на 800 метри слободно беше 36 од 40 пливачки.

Најдобар резултат на Мундија од нашите пливачи оствари Евгениј Поп Ацев.

Постигнати резултати:

Ева Петровска 
1500м слободно 17:35:18
800м слободно 9:12:71

Миа Крстевска 
100м грбно 1:06:00
200м грбно 2:23:13

Давор Петровски 
200м делфин 2:06:33
200м мешано 2:10:74

Филип Деркоски 
400м слободно 4:07:99
800м слободно 8:35:54