Македонија ја победи Турција со 3-1 и обезбеди второ учество на ЕУРО, одбојкарите блеснаа, докажаа дека се дел од европскиот крем.

Александар Љафтов смета дека оваа репрезентација има вредност, дека оваа селекција покажа дека може да одигра најдобро кога е најпотребно.

„Желбата беше голема, ние покажавме дека вредиме да одиме на европско првенство, ќе видат кои се македонските „Спартанци“ на следното ЕУРО. Ние внатре во тимот сме како семејство, како едно цело, покажавме дека вредиме“ – изјави Љафтов.