Деветнаесет годишниот велосипедист Едо Мас можеби никогаш повеќе нема да може да оди по несреќата во која се судри со автомобил на трката „Пиколо Ломбардија“ на почетокот на овој месец.

Ова го истакнаа од неговиот тим од каде посочија дека поради тешката повреда на ’рбетот тој бил на операција, но многу е тешко да ги поврати функциите на нозете.

Од „Санвеб“ апелираа на зголемување на безбедноста на патеките и преземање на нови мерки.

Во август на трката во Полска, 22 годишниот Бјорг Ламбретх го загуби животот откако изгуби контрола над велосипедот и направи судир.