Александар Волкановски кој настапува под австралиско знаме а има македонско потекло со кое се гордее, вели дека е можна борба со Конор Мекгрегор од Ирска во УФЦ, но ќе треба да ја смени тежонската категорија.

Австралиецот Волкановски е шампион во перо категорија на УФЦ, а за да се бори со Мекгрегор треба да ја корегира тежината.

„Би било глупаво да не прифатам борба со Мекгрегор. Тој е еден од најголемите шампиони во овој спорт и нашата категорија, борбата со него не би била само за пари, особено ако го победам“ – изјави зе медиумите ов Австралија Волкановски.

Волкановски има 31 година и во кариерата има 21 победа (11 со нокаут) и само еден пораз.