Боксерската федерација на Македонија во соработка со Македонскиот Олимписки комитет, на Европските игри во Минск 2019, ќе биде претставена со тројца боксери кои се предводени од селекторот Петре Чурлиновски. Македонија ќе ја претставуваат Јасин Лама, Арсим Етеми и Гоце Јанески кој ќе ја има честа да го носи знамето на отварањето на игрите .
Гоце Јанески на денешната прес конференција  во организација на МОК истакна дека е чест да се носи знамето на државата на еден ваков собир на спортисти во Европа.
„Подготвен сум за настапот во Минск, напорно работевме сите во репрезентацијата на подготвките во Скадар, за мене лично, дополнителна мотивација претставува фактот дека ќе го носам знамето на Македонија на овој собир на спортисти , ќе направам се што можам да стигнам до добар резултат, тоа ќе го направат  и моите колеги од репрезентацијата, Јасин Лама и Арсим Етеми.
Делегацијата на Македонија заминува утре за Минск, игрите започнуваат од 21 јуни и ќе траат до 1 јули .