Претседателот на Македонскиот Олимписки комитет, Васил Тупурковски побарал итна средба со премиерот Зоран Заев, повод за состанокот е барањето на Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК), автономија на спортските федерации, политиката надвор од спортот !

Спред препораките на ИОК, законската регулатива во Македонија на некој начин дозволува политичко влијание, тоа серизно го доведува во прашање работењето на спортските федерации во земјава кои се под  политички притисок и влијанија.

Сериозен е примерот со Фудбалската федерација на Македонија која е под постојан притисок од одредени центри на власта, преку државни институции, следуваа неосновани кривични пријави  до поединци од најмоќната спортска федерација кај нас,  тоа е пример кој индиректно го потенцира ИОК.

На Македонија  и се сугерира да го менува законот за спорт, Федераците да имаат автономност и нивните статути да бидат прилагодени кон статутите на меѓународните спортски федерации на кои припаѓаат, а не кон законот за спорт во земјава кој е контрадикторен и овозможува политичко влијание, на што посочува ИОК.

Владата е на потег, доколку нема акција ќе има реакција од Лозана од каде бараат средба со сите спортски авторитети, состанок на кој конечно ќе се се стави СТОП на политичкото влијание врз федерациите, заканата е голема, македонскиот спорт е пред суспензија!